И популарните Audi A4 и A6 преминуваат на струја

Седаните на Audi ќе се нудат исклучиво во комбинација со електричен погон.

До неодамна, германските репрезентативни модели во комбинација со дизел мотор беа стандард и сон на многумина, а потоа законот и трендовите ги префрлија повеќето на бензински погон. Така е и сега, со поголемо или помало влијание на хибридните технологии, но тоа не е сѐ.

Верувале или не, моделите на Audi A4 и A6 ќе се нудат исклучиво со електричен погон. Ова го потврди шефот на Ауди, Маркус Дисман за германскиот Manager Magazin. Имате уште време - тоа нема да се случи до крајот на оваа деценија.

Дисман нагласува дека преминот кон погон на електрична енергија е важен и мора да се случи што е можно побрзо. Тој ги гледа хибридите и плаг-ин хибридите како застарена технологија.

Новите генерации на споменатите модели ќе излезат на пазарот во 2023 година, а ќе понудат и електрични верзии.

Сепак, класичниот мотор ќе остане во игра уште некое време, исто како и хибридите. Во однос на дизајнот, не очекувајте големи промени. Тоа ќе биде помодерен и поагресивен изглед, но сепак многу препознатлив.

Во поглед на екстравагантноста, Дисман е јасен  - нема да се оди подалеку од A8 во сегментот лимузина и Q7 во SUV сегментот. Сепак, проектот Artemis е жив и ќе видиме сериска изведба во 2024 година.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе