И Швајцарците грешат: Владата погрешно процени колку пари ѝ требаат за пензии

Швајцарската влада соопшти дека погрешно ги пресметала трошоците за пензии, што значи дека за пензии ќе се трошат помалку пари од претходно планираното.

Беше утврдено дека дефицитот во исплатата на пензиите до 2033 година ќе изнесува 4 милијарди франци (4,26 милијарди евра), додека претходно се проценуваше дека овој дефицит ќе изнесува седум милијарди франци (7,46 милијарди евра). Помалиот дефицит од првично проценетиот е добра вест, но пензиите остануваат проблематично прашање во Швајцарија бидејќи многу жители на земјата сметаат дека биле „заведени“ од владата.

Речиси 60 отсто од Швајцарците на референдумот во март гласаа 13-тата пензија да се исплати од 2026 година. Од друга страна, 75 отсто изнесува процентот на оние кои на истиот референдум гласале против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години.

Овој референдум беше историски момент за Швајцарија бидејќи ниту еден социјален трошок во оваа земја не е зголемен со референдумска одлука од 1848 година. Многумина се залагаа за 13-та пензија поради зголемените трошоци за живот, иако министрите советуваа да се гласа против 13-та пензија.

Министерката за финансии Карин Келер-Сатер пред референдумот уверуваше дека исплатата на 13-та пензија нема да биде можна без дополнителни средства.

„Доколку оваа иницијатива биде прифатена, тешко дека ќе можеме да избегнеме зголемување на даноците“, изјави Келер-Сатер за весникот Neue Zurcher Zeitung минатиот декември.

Како што јави Euronews, сега е нејасно какви политички последици ќе има погрешната проценка на дефицитот на пензиите. Професорот по политички науки на Универзитетот во Лозана Георг Луц посочи дека многумина се за независна истрага за тоа како можела да се случи толку голема грешка.

Тој истакна дека првично проценетиот дефицит е во прилог на барањето за реформа на пензискиот систем, т.е. зголемување на старосната граница за пензионирање. Дополнително, сега се доведува во прашање потребата од предложеното зголемување на стапката на ДДВ и намалувањето на висината на пензиите.

Изабел З. Мартинез од Универзитетот ЕТХ во Цирих потсети дека ваквите грешки се невообичаени во проценката на дефицитот, пишува Euronews.

Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Read more

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Read more

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе