И Швајцарската народна банка ги подигна каматните стапки

Швајцарската народна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка на позитивно ниво, за првпат од почетокот на 2015 година, со што се придружи на поголемата група глобални економии што се обидуваат инфлацијата да ја ограничат преку повисоки трошоци за задолжување.

Референтната каматна стапка е зголемена за 0,75 процентни поени, на 0,5%.

Второто последователно зголемување на каматните стапки е во согласност со очекувањата на пазарот, а останува отворена можноста за натамошни зголемувања.

„Не може да се исклучи потребата од натамошно зголемување на референтната стапка за да се обезбеди стабилност на цените на среден рок“, се наведува во соопштението од Банката, при што се изразува и подготвеност за интервенција и на девизниот пазар доколку е потребно за да се обезбедат соодветни монетарни услови.

Истовремено, благо е зголемена и проценката на инфлацијата за тековната година, од 2,8 на 3%. Проценката за 2023 година е зголемена за 0,5 процентни поени на 2,4%, а за 2024 година за 0,1 процентен поен на 1,7%.

Во оценката за состојбата на националното стопанство, Швајцарската народна банка посочува дека таа ќе биде условена од забавувањето на економиите во странство и достапноста на енергијата на домашниот пазар.

Банката за оваа година предвидува раст на БДП од околу 2%, што е околу половина процентен поен послабо од претходно очекуваното.

Тагови
реклама

Бизнис

Дали на Европа ѝ треба „воена економија“?

Read more

Publicis Groupe Skopje најнаградувана агенција на регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023

Read more

Волстрит падна, инвеститорите нервозни

Read more

Паѓаат цените на нафтата

Read more
 

Вести

Здружение Бранител 2001: По 22 години конечно некој во државата за која се боревме се сети дека постоиме

Читај повеќе

Харадинај: Курти отиде во крајност, поттикна конфликти, да ја напушти владата бидејќи е опасност за земјата

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

Читај повеќе

Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Читај повеќе

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: 4 столба за забрзување на патот кон ЕУ

Читај повеќе

Путин: Конфронтацијата меѓу Русија и Украина беше неизбежна, за жал се покажа како нецивилизирана

Читај повеќе

Курти: Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори

Читај повеќе