Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 август) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и Беко во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Притоа во Скопје (МРТВ и Беко) управните служби ќе работат во периодот од 8 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 8 до 12 часот, соопшти МВР.