Фудбал

И великаните промашуваат

24. јуни 2019 - 11:48 | А.С.

Репрезентацијата на Аргентина со победа против Катар од 2:0 се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка, а оваа средба покрај двата погодоци ја одбележа и неверојатното промашување на Лионел Меси.

За кратко време „аматерскиот потег“ на Меси стана вирален на социјалните мрежи.

Се играше 73-тата минута и Аргентина беше во водство од 1:0, кога Меси имаше прилика да го „реши“ натпреварот.

Но, и најдобрите грешат. Меси, кој според многумина е најдоброт фудбалер на денешницата, лошо ја прими топката и таа отскокна, па наместо во голот, заврши далеку над него.

Да се потсетиме уште еднаш на ова промашување на великанот:

Коментирај