ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

И вежбањето илјада пенали не им помогна: Дали Шпанците го послушале Енрике?

Шпанскиот селектор им нареди на играчите да изведат по 1.000 пенали за добро да се извежбаат, а на крајот загубија од Мароко на пенали и тоа без да реализираат ниту еден удар од белата точка.

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике им наредил на своите играчи да изведат најмалку 1.000 пенали за да дојдат подготвени во Катар, но по изведување на пенали го завршија настапот на Мундијалот.

Како и на Европското првенство лани, пеналите повторно беа кобни за Шпанија, овој пат на Мундијалот во Катар. Лани тоа беше Италија, а сега Мароко беше подобар.

Интересно, Шпанците ги промашија сите три пенали против Мароко. Поради сето ова, бизарно е што Луис Енрике им наредил на своите играчи да изведат по 1.000 пенали пред да пристигнат во Катар.

Изјавата брзо стана вирална откако Шпанија беше исфрлена на пенали.

„Претпоставувам дека сите играчи ме испочитуваа. Пред една година во шпанскиот тренинг-камп им наредив дека до Катар сите треба да изведат 1.000 пенали. Ако почекате да дојдете овде на Светското првенство и да вежбате, нема да биди доволно“, рече Енрике на една од прес-конференциите во Катар.

Додаде дека пеналите имаат сè помалку среќа, бидејќи голманите имаат сè поголемо влијание.

„Тоа е момент на максимална напнатост, време да ги покажете своите нерви и да можете да го изведете пеналот на начин што сте решиле, ако сте го извежбале илјада пати. Можете да тренирате, контролирате и управувате со тензиите. Има сè помалку среќа бидејќи голманите имаат сè поголемо влијание“, додаде Енрике.

Но, ниту тие 1.000 пенали не беа доволни за да се постигне барем еден гол во пенал-рулетот. Промашија Пабло Сарабија, Карлос Солер и ветеранот Серхио Бускетс.

URL
реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Фудбал

Вонредно коло кај прволигашите: Нов пораз за Вардар, Тиквеш убедлив

Read more

Ново правило во фудбалот: Се воведува портокалов картон, ќе го покажува четвртиот судија

Read more

Норвешкото чудо сруши уште еден ЛШ рекорд

Read more

Пеналот за ПСЖ го разгневи фудбалскиот свет, легендите револтирани

Read more
 

Спорт

Македонија наредната сезона нема да има тим во Лигата на шампиони на ЕХФ

Читај повеќе

Вечерва во Скандинавија почнува женскиот Мундијал

Читај повеќе

Вонредно коло кај прволигашите: Нов пораз за Вардар, Тиквеш убедлив

Читај повеќе

Ново правило во фудбалот: Се воведува портокалов картон, ќе го покажува четвртиот судија

Читај повеќе

Норвешкото чудо сруши уште еден ЛШ рекорд

Читај повеќе

Пеналот за ПСЖ го разгневи фудбалскиот свет, легендите револтирани

Читај повеќе

Баерн за Вирц ќе го урне клупскиот рекорд

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело: Головите на Јуве - Интер ја уништија играта

Читај повеќе

Верстапен прекрши непишано правило, не ги честеше колегите вечера

Читај повеќе