СЕРИЈА А 2019/20

Ибра ја доби наградата Златен тапир за настапот во дербито

Напаѓачот на Милан ја прими наградата која позната италијанска емисија ја доделува на популарни личности кои ја одбележале неделата како губитници.

Златен тапир или „Tapiro d'Oro“ е мала позлатена статуетка во форма на животното тапир која популарната емисија „Striscia la Notizia“ на Canale 5 ја доделува на политичари, актери, спортисти и други познати личности кои на некој начин биле јавно понижени или пак доживеале пораз.

Синоќа во емисијата го прикажаа моментот од доделувањето на оваа престижна награда на Златан Ибрахимовиќ кој ја заслужи со поразот во миланското дерби од Интер.

Водителот Валерио Стафели го начека како излегува од автомобил и му ја додели наградата, а Швеѓанецот не се налути, туку ја прими низ смеа.

„Кога нема да победиш, нормално е да си лут. Имам огромна желба за играње фудбал и затоа дојдов во Италија. Одлично ми е тука. Наредниот пат ќе победиме“, рече Ибра кога ја прими оваа „престижна“ награда.

За Ибра ова е трет Златен тапир, па веќе е навикнат да ги добива. „Фала ви за Златниот тапир, чест ми е што го добив. Колку имам до сега? Три? Само не ми кажувај дека ова е рекорд“, смеејќи се прокоментира Ибра.

Златниот тапир се доделува од 1996 година и претставува сатирична награда, но не сите ја примале со насмевка. На пример, американскиот водител од италијанско потекло, Мајк Бонџорно, со сета сила ја скрши од земја секунди откако му беше доделена. Директорот на Rai Uno, Фабрицио Дел Ноче, со микрофон го удри Стафели по лице и му го пукна носот не сакајќи да ја прими наградата. Сето тоа пренесувано во живо на „Striscia la Notizia“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе