Ибра му одговори на Бобан: Јас сум шеф

Звонимир Бобан (55), поранешен капитен на хрватската фудбалска репрезентација и Динамо, а подоцна и близок соработник на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директор на Милан, минатата недела даде интервју за Gazzettu Dello Sport.

Меѓу другото, тој рече дека не ја знае улогата на Златан Ибрахимовиќ (42) во Милано каде минатата година ја заврши играчката кариера.

„Златан е генијалец и ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот бидејќи од љубов кон Милан се согласи да се врати и со тоа ја промени поновата историја на клубот. Но, сега не ми е јасно што прави во Милан и кои се неговите задачи за да можам да го оценам, се надевам дека ги разбра, бидејќи на крајот нему ќе му судат, а не спортскиот директор Џефри Монкада“, изјави Бобан, кој беше играч на Милан од 1991 до 2001 година.

Ибрахимовиќ: Јас сум главен, јас сум шеф и сите работат за мене

Ибрахимовиќ гостуваше во студиото на Sky Sports во пресрет на натпреварот помеѓу Милан и Ливерпул (1:3) на Сан Сиро во Лигата на шампионите. Тој рече дека од лични причини не бил во клубот цели 17 дена.

„Кога мачката ја нема, глувците играат оро. Кога мачката ќе се врати, глувците исчезнуваат. Ме немаше неколку дена поради лични причини, но секогаш сум присутен. Работиме напорно и продолжуваме понатаму, сконцентриран сум за мојата работа“, рече Ибрахимовиќ и ја коментираше изјавата на Бобан.

„Ни Бобан не знае која е мојата улога. Сега ќе објаснам. Мојата улога е едноставна, вклучува многу разговор. Јас сум одговорен, јас сум шеф и сите работат за мене. Глувците не се внатре во тимот, тие се надвор од него“, рече поранешниот шведски репрезентативец во свој стил.

Според податоците на Transfermarkt, Ибрахимовиќ за Милан одиграл 163 натпревари на кои постигнал 93 гола и асистирал за 34. Со миланскиот клуб освои две шампионски титули и еден италијански Суперкуп. Играше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Фудбал

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Read more

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Read more

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Read more

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Read more

Спорт

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Читај повеќе

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Читај повеќе

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Читај повеќе

Синот на Малдини наводно бил позитивен на дрога по сообраќајка

Читај повеќе

Јамал експресно му одговори на Мбапе кој ја заслужува Златната топка

Читај повеќе
  • play_arrow

По свадба-тапани: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Читај повеќе

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе