Фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ на својот Instagram профил објави фотографија од вчерашниот тренинг.
Шведскиот напаѓач ја „искористи“ приликата да се пофали со новата фризура – на фотографијата е со избричена глава и ја објави со коментар: „Вложувам сѐ“.
Иако фотографијата беше објавена на официјалниот профил на Ибрахимовиќ, сепак не е познато дали станува збор за фотмонтажа или дали напаѓачот на Милан навистина решил да го смени имиџот. Можеби се работи и за некаков облог со соиграчите, што не е реткост во фудбалските кругови.
За потсетување, Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 14 натпревари, постигна 13 гола со две асистенции. Оваа недела хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ му се придружи во водечката постава на Серија А, но неговото деби против Аталанта на „Сан Сиро“ не помина добро. Милан беше поразен со високи 3:0.