УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Ибра одбил да игра за Шведска во Лигата на нации

Напаѓачот на Милан го одби повикот на шведскиот селектор да ѝ помогне на својата земја во јунските натпревари од новата сезона на Лигата на нации на УЕФА.

Football Italia објави дека нивен извор им открил дека Златан Ибрахимовиќ го одбил повикот на селекторот Јане Андерсон за претстојните четири јунски натпревари од новата сезона на Лигата на нации, која почнува за две недели. Синоќа беше објавен шведскиот состав, а на него без објаснување го немаше Златан.

Сепак, изворот наведува дека Златан не се повлекува од националниот тим, туку не сака да ризикува нова повреда. Имено, Ибра од февруари до сега има настапено само на 7 натпревари за Милан и тоа секогаш како замена при крај на натпреварите откако прво го мачеше повреда на Ахиловата пета, а потоа и коленото. Поради тоа и не е во најдобра кондициска форма.

Ставот на Ибра бил дека и натаму ѝ стои на располагање на репрезентацијата за идните натпревари од септември.

За потсетување, Ибра се врати во препрезентацијата во март 2021 година со надеж да игра на ЕУРО 2020, но поради повреда го пропушти континенталниот собир. На негово разочарување потоа Шведска не се квалификуваше на Мундијалот во Катар.

Ибра има одиграно 121 натпревар за Шведска и постигнато 62 гола, а настапи на Мундијалите во 2002 и 2006, како и на ЕУРО 2004, 2008, 2012 и 2016.

Во Лигата на нации Шведска е во групата Б од Лига Б заедно со Словенија, Норвешка и Србија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе