Фудбал

Ибра покажа дека е херој и надвор од теренот

26. април 2019 - 17:40 | А.С.

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ги одушеви љубителите на фудбалот со потег што ја покажува големината на спортскиот дух пред вчерашниот натпревар меѓу неговиот тим Л.А. Галакси и Минесота.

Ибра беше снимен во тунелот пред излегувањето на терен, како разговара со момче што треба да го придружува.

Момчето му се пожали дека има трема бидејќи му е прв пат, а Ибрахимовиќ го охрабри:

„Сега си со мене. Ќе го направиме ова заедно. Само уживај во моментот. Уживај.“

Натпреварот се одржа пред 20.000 навивачи на стадионот во Минеаполис и заврши без погодоци.

Галакси по осум одиграни натпревари има 19 бодови и е на второ место зад градскиот ривал Лос Анџелес, а Минесота со 11 бодови е на шестата позиција.

Ибрахимовиќ, ѕвездата на Л.А. Галакси, годинава играше на шест натпревари на кои постигна седум гола.

Коментирај