Ибра: Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата

Шведскиот ас вели дека пензионираниот Бразилец Роналдо е убедливо најдобриот играч во историјата на фудбалот.

Не Кристијано Роналдо, не Лео Меси, ниту пак Пеле или Диего Марадона. За Златан Ибрахимовиќ најдобриот играч во целата историја на фудбалот е оној првиот Роналдо.

„Нема потреба да го опишувам Роналдо, Феноменот“, рече Ибра зборувајќи за Discovery Plus.

„Отсекогаш велат дека постојат играчи кои ја играат играта и играчи кои се играта. За мене, Роналдо е фудбал. Кога го гледавме како игра, сите сакаа да играат како него и да бидат како него“, вели Швеѓанецот.

„Начинот на кој се движеше, начинот на кој трчаше, како изведуваше 'змија'. Само поради стилот на неговото движење тој за мене е најголемиот фудбалер во историјата, без двоумење“.

Роналдо својата професионална кариера ја играше од 1993 до 2011 година. Почна во младинските категории на Саун Кристоваун, а на сениорско ниво дебитираше во дресот на Крузејру. Потоа играше за ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринчјанс.

Својот зенит го имаше на Мундијалот 2002 кога на Бразил му ја донесе петтата и последна титула светски шампион постигнувајќи 7 голови на патот до пехарот.

Како и самиот Ибра, и Роналдо никогаш не ја освои Лигата на шампионите, пехарот кој му недостасува.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе