Златан Ибрахимовиќ втор месец е во Италија, а веќе сруши рекорд стар 59 години.
Со голот постигнат во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме кога на Милан му донесе водство од 2:0, Златан Ибрахимовиќ се запиша во историјата.
Го собори рекордот на неговиот сонародник, Швеѓанецот Нилс Лидхолм кој во победата на Милан од 2:1 остварена на 26 март 1961 година постигна гол кога имаше точно 38 години и 43 денови. Ибра има исто години, 38, но е постар за 86 денови.
Тие двајца се најстарите дерби голгетери бидејќи зад нив со по 34 години се Филипо Инѕаги, Валтер Самуел и уште еден Швеѓанец, Гунар Нордал. Само Аргентинецот Самуел е играч кој влегол на оваа листа како фудбалер на Интер, останатите четворите влегле кога го носеле дресот на Милан.