Фудбал

Ибра во свој стил: Не се плашам од казна, бидејќи јас сум МЛС

21. април 2019 - 13:23 | МИА

Суперѕвездата на Л.А. Галакси Златан Ибрахимовиќ ја потсети јавноста зошто е еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата и даде уште една изјава што сигурно ќе се вброи во култните.

Швеѓанецот, кој е познат по својата висока самодоверба, упати критики кон судењето во натпреварот помеѓу неговиот тим и Хјустон Динамо, а потоа кажа уште посмели зборови, кои беа насочени кон американското фудбалско првенство – МЛС.

Ибра беше лут поради ситуацијата при голот на противникот, бидејќи, според Швеѓанецот, погодокот бил нерегуларен, иако ситуацијата беше разгледана со ВАР системот.

Ибрахимовиќ смета дека е недозволиво да има грешки на судиите дури по интервенцијата на ВАР, а слични арбитри немаат место во МЛС.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед можно е да биде казнет од МЛС за своите зборови.

– Добро, сите правиме грешки. Судиите, исто така прават грешки. Се случува – секој греши. Но, кога станува збор за грешка при ВАР, тогаш треба да се отстранат. Нема смисла. Не ја обвинувај камерата дека не е соодветен аголот. Едноставно целосно избришија или смени ги луѓето кои ја прегледуваат. Не сакам да сум премногу критичен, бидејќи од МЛС може и да ме казнат, но јас сум МЛС, па нема причина за загриженост, изјави во свој стил Ибра.

Коментирај