САНРЕМО 2021

Ибра за дуетот со Михајловиќ на Санремо: Се надевам и тој не знае да пее

Златан Ибрахимовиќ вечер фудбалскиот терен ќе го замени со сцената на Санремо каде на познатиот музички фестивал ќе излезе на сцената на која ќе учествува вкупно четири вечери.

Денеска Златан Ибрахимовиќ одржа прес-конференција заедно со водителот Амадеус на која зборуваше за вечерашниот настап кој фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат бидејќи голгетерот ќе се покаже во едно сосема поинакво светло.

Ибра беше прашан дали е полесно да се даваат голови или да се настапи на ваков музички фестивал, а тој без двоумење одговори:

„Нормално дека е полесно да се даде гол. Ова не е мој свет, но со Амадеус и Фјорело (заб. на прев.), сум во добри раце и не се грижам. Ако згрешам никој нема да ми суди бидејќи ова не е мое, а ако се покажам, уште подобро, така би имал работа плус кога ќе се пензионирам“, рече Швеѓанецот.

Златан во неделата се повреди играјќи против Рома, па го очекува пауза од околу три недели од зелениот терен. Но, повредата не важи за на Санремо.

„Она што е сигурно е дека ќе се забавуваме. Програмата е секогаш иста. Имав несреќа да заработам мала повреда, но програмската шема на фестивалот не се менува“, додава тој.

Потоа доби новинарско прашање како би реагирал диколку Амадеус на сцената го донесе Ромелу Лукаку. На Санремо често водителите на гостите им носат нивни гости, а Ибра и Лукаку имаат инцидент на дербито помеѓу Милан и Интер во Копа Италија кога меѓусебно си упатија еден куп сочни пцовки.

„Ако сака да дојде е добредојден. Она што се случува на терен, завршува на терен, нема никаков проблем“, кратко објасни тој.

Засега е тајна што сѐ ќе треба Ибрахимовиќ да прави на сцената во салата „Аристон“, но она што е сигурно е дека ќе треба да отпее песна во дует со никој друг, туку тренерот на Болоња и поранешен играч, Синиша Михајловиќ.

„Се надевам дека не знае да пее, така ќе бидеме на исто ниво“, вели Ибра за дуетот кој ќе се реализиран ан третата вечер в четврток. Тие ќе го отпеат хитот „Io Vagabondo“ на групата „Nomadi“ од 70-тите.

Remote video URL

Златан игра за Милан, но водителите Амадеус и Фјорело се двајцата големи навивачи на Интер, па дефинитивно ќе биде интересно вечерва на сцената на Санремо.

„Знам дека се интеристи, секој ден ме потсетуваат на тоа. Но, изминативе шест месеци не зборуваа толку...“

Санремо вечерва го има првиот ден, а преносот почнува од 20:30 часот на RaiUno. Водители се Амедео Себастиани, познат како Амадеус, кој беше главен водител и лани, а работи како ТВ и радио водител, додека вториот ководител е комедијантот Розарио Фјорело кој учествуваше и минатите години.

Фестивалот ќе трае до сабота, а кои четири вечери ќе се појави Ибра, останува изненадување.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе