Фудбал

Ибрахимовиќ од Милан бара 2 милиони евра за шест месеци и сезона плус

20. ноември 2018 - 13:27 | А.С.

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е блиску до враќање во Милан по состанокот на неговиот агент Мино Раиола и спортскиот директор на „росонерите“ Леонардо, а италијанскиот весник „Gazzetta dello Sport“ ги објави и условите на популарниот Ибра.

Ибрахимовиќ од Милан бара 2 милиони евра за шестмесечниот договор што му го нуди клубот, но бара и уште една сезона потоа.

Потврда за големата можност Ибра да се врати на „Сан Сиро“ даде и самиот Леонардо.

„Златан е многу блиску до Милан, тоа е факт. Тој има посебни кавалитети, борец е и ги мотивира луѓето на теренот и надвор од него“, порача спортскиот директор на „росонерите“.

Ибрахимовиќ има 37 години и моментално игра во американската МЛС лига за Л.А. Галакси.

Коментирај