Фудбал

Ибрахимовиќ пак разгорува шпекулации: Се гледаме наскоро во Италија

4. декември 2019 - 10:53 | А.С.

Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок планира да се врати на италијанскиот фудбал, судејќи по неговите најнови изјави.

Во разговор со списанието GQ Italia тој даде коментар што ги разгорува шпекулациите за тоа за кој клуб поточно се работи.

„Ќе дојдам во клуб кој мора да се врати на победничките навики, клуб кој мора да потсети на славните денови во историјата и кој се бори против сѐ и сите“, изјави славниот Ибра, кој во моментов игра за американски Л.А. Галакси во МЛС лигата.

„Тоа е единствен начин да се мотивирам и да ве изненадам. Се гледаме наскоро во Италија“, порача 38-годишниот Златан.

Сѐ упатува на тоа дека Ибрахимовиќ алудира на Милан, но во конкуренција се и Наполи, Рома и Болоња кои некогаш освојуваа титули, а сега се далеку во позадината.

Коментирај