Фудбал

Ибрахимовиќ во одбрана на Мурињо: Тренерот е добар ако е добар тимот

10. октомври 2018 - 18:41 | А.С.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ е под огромен притисок по лошиот старт на сезоната и камбекот на Манчестер Јунајтед во дуелот со Њукасл минатиот викенд се чини му го спаси работното место на Жозе Мурињо додека се шират шпекулации дека неговиот отказ е неизбежен.

Во негова одбрана се огласи Златан Ибрахимовиќ, кој пред да замине во Л.А. Галакси во САД постигна 28 гола во дресот на Јунајтед во првата сезона на Мурињо на „Олд Трафорд“.

Тој ја префрла вината за лошата игра на играчите, а не на тренерот.

„Сметам дека е способен да ја освои Премиер лигата“, изјави Ибра за „Mirror“.

„Сметам дека е вистинскиот тренер за тој клуб, за тој тим. Но, тренерот е добар ако е добар тимот, не дека може да направи чуда ако тимот не е доволно добар. Ова му е трета година, играчите научиле повеќе за тоа како тој сака да играат и да, верувам во него“, рече Ибрахимовиќ.

Коментирај