Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Шведска денеска го дочека враќањето на 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ во националниот тим пред воведните квалификациски натпревари за ЕУРО 2024, а напаѓачот на Милан, помалку безобразно, се прогласи за минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација.

Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените по пауза од 14 месеци поради повреда на коленото и реализираше пенал за Милан против Удинезе, со што стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол во историјата на Серија А.

Пред него сега е дуелот на Шведска против Белгија в петок во Стокхолм во воведното коло од евроквалификациите.

„Доколку се чувствувам добро и доколку селекторот ме одбере, ќе му помогнам нему, на екипата и на својата земја да дадат сè од себе. Затоа мислам дека на овие мои години не можете да размислувате за иднината, мислите на сегашноста - дури и кога јас сум минатото, сегашност и иднина“, им изјави Ибрахимовиќ со иронична насмевка на шведските новинари.

Со 62 гола на 121 натпревар Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на Шведска, но последниот гол во репрезентативниот дрес го постигна во ноември 2015 година. Но, Ибра по ЕУРО 2016 се пензионираше од репрезентацијата, а се врати од пензија во март 2021 година за потоа да отсуствува поради повреда.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе