ID. Aero е луксузниот електричен седан на Volkswagen

Volkswagen организираше дигитална презентација на моделот ID. Aero, неговиот прв целосно електричен луксузен седан дизајниран да им парира на Model 3 на Tesla и i4 на BMW.

По теренците како ID.4 и ID.5, хечбекот ID.3 и комбето ID. Buzz, Aero е фастбек со четири врати што ќе се произведува во Кина за кинескиот пазар од 2023 година, но истата година Volkswagen ќе претстави и верзија за европскиот и американскиот пазар што ќе се произведува во Германија во фабриката во Емден.

Од Volkswagen велат дека Aero е всушност премиум седан со средна големина за високата класа на кинески семејства, кој го претвора постоечкиот дизајнерски јазик на ID во седан сличен на купе со долго меѓуоскино растојание и многу внатрешен простор. Напред се тенки LED матрикс светла и светлосна линија што ја продолжува должината на носот, додека одзади исто така широк светлосен елемент кој потсетува на Audi Sportback.

Профилот открива изразена линија на половината, нешто што не се гледа во конвенционалните модели на VW, како и заоблени лакови на тркалата со тркала од 22 инча со дизајн на турбина.

Volkswagen не објави фотографии од ентериерот.

Каросеријата на моделот ID. Aero е во согласност со името бидејќи коефициентот на отпор на воздухот е 0,23. Автомобилот е базиран на истата MEB платформа за електрични автомобили како и другите модели од семејството ID, и има капацитет на батерија од 77 kWh. Иако VW не открива многу за електричните мотори, веројатно тие се достапни во сестринските електрични возила.

Исто така, нема податоци ниту за перформансите, но се истакнува опсегот од 620 километри.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе