Идеална вежба: Пет причини да почнете да тренирате бокс

Постојат причини зошто боксот е исклучително популарна вежба меѓу љубителите на вежбањето и славните личности.

Боксот е сеопфатна вежба, три во едно – кардио, сила и ментален тренинг.

Ако тоа не е доволно да ве убеди да го вклучите боксот во своите секојдневни активности, можеби ќе ве убедат овие пет причини.

Боксот ги активира сите мускули во телото

„Немојте да мислите дека боксот е вежба само за горниот дел на телото. Тоа е чист мит. Нозете еднакво учествуваат во работата, бидејќи телото мора да работи координирано, а тогаш, покрај сила и зголемена потрошувачка на енергија, ја подобрувате и рамнотежата, експлозивноста и ангажираноста“, вели спортскиот психолог Џесика Метјус.

Топи калории, и тоа доста брзо

Боксот значително го забрзува отчукувањето на срцето и ја зајакнува мускулната издржливост, па телото со текот на времето почнува да согорува се повеќе калории.

Експертите пресметале дека боксот топи 13 калории во минута, слично како трчањето и возењето на  велосипед, со тоа што со половина час спаринг се трошат околу 300 калории, со половина час работа со вреќа околу 200, а со борба во ринг околу 400 калории.

Опушта од стрес подобро од било која друга активност

„Не само што делува здраво и продуктивно на мозокот, туку со исфрлувањето на стресот од себе, вие совршено се опуштате. Се произведува ендорфин, кој докажано ги прави луѓето посреќни. Меѓутоа, менталните предности овде не застануваат, бидејќи боксот гради самодоверба и самоконтрола“, нагласува Арнолд Гонзалес, американски боксер и тренер во клубот „EverybodyFights“.

Ја подобрува координацијата

Во боксот е најважно да се има добра „врска“ меѓу очите и рацете. Токму овде лежи менталната сила на боксерот, која воедно совршено делува за подобрена координација на целото тело.

Во боксот никогаш нема да престанете да учите и напредувате

Боксот никогаш нема да ви стане досаден. Тренинзите поминуваат за миг бидејќи постојано сте фокусирани, и потоа сте свесни дека постои нешто ново што можете да го научите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе