Фит

Идеалната комбинација за слабеење: Тренинг и музика

1. јули 2019 - 18:04 | А.С.

Вежбањето не треба да биде измачување. Напротив, треба да биде активност во која уживате и со која остварувате цели и поставувате нови.

Има многу истражувања за тоа какви вежби одговараат на вашите фитнес потреби и цели, која храна да ја комбинирате со каков режим на вежбање, но има една состојка во формулата што олеснува сѐ: музика!

Метју Сторк од Универзитетот на Британска Колумбија спроведе истражување како да го направи интервалниот тренинг со висок интензитет (HIIT) поподнослив. Неговите заклучоци беа објавени во списанието Psychology of Sport and Exercise.

Истражувањето покажа дека одредена музика може да биде клучот за полесно издржување на интензивното вежбање.

Поточно, со вистинскиот избор на музика, вежбањето ќе ви биде поудобно и ментално помалку напорно.

Во соработка со музичари од Универзитетот Брунел во Лондон, Сторк собрал група испитаници кои оценувале 16 различни песни со брзо темпо. Според оцените, Сторк направил плејлиста со трите песни што добиле највисоки оцени во однос на мотивирачкиот потенцијал.

„Музиката обично се користи како дисоцијативна стратегија. Тоа значи дека може да ви го оттргне вниманието од телесните физиолошки реакции на вежбањето како забрзаното биење на срцето и болката во мускулите“, објаснува Сторк во извештајот и додава дека најдобар избор на музика за вежбање се песни со брзо темпо.

Коментирај