Идеја за десерт: Брз и сочен колач од кајсии

Едноставен и вкусен колач со кајсии и јогурт, идеален за летните денови.

Потребно состојки:

-400 мл јогурт

-4 јајца

-1 чаша шеќер

1 чаша масло

-4 чаши остро брашно

-1 прашок за пециво

-кајсии

-шеќер во прав по желба

Начин на подготовка:

Измијте ги кајсиите, преполовете ги, отстранете ги семките и исечете ги на помали парчиња. Брашното измешајте го со прашок за пециво.

Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот и мешајте околу 5 минути, додека смесата не се добие светложолта боја. Полека додавајте го маслото, а по него и јогуртот додека бавно мешате со миксерот. На крајот сипете го просеаното брашно измешано со прашок  за пециво.

Калапот за печење добро премачкајте го со малку масло, а потоа посипете малку брашно. Смесата истурете ја во калапот, а врз него наредете ги исечените кајсии кои може благо да ги втиснете во смесата. На крајот печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови.

Печете го колачот околу 45 минути, зависно од рерната. Ќе знаете дека е готово кога рабовите ќе се одвојат од калапот и кога колачот ќе добие убава темна златножолта боја.

Оставете да се олади, а пред служење посипете со малку шеќер во прав.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Рецепти

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Read more

Потпечено фета сирење на медитерански начин

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе