Одличен предлог за десерт за љубителите на чоколадо.
Потребни состојки:
-3 јајца
-135 г чоколадо со висок процент на какао
-3 лажици шеќер
-2 лажици рум
-прстофат чили
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото, белките и шеќерот изматете ги добро. На пареа изматете ги жолчките, па додадете ги останатите состојки.
Смесата од жолчки и белки полека соединете ја. Ставете да постои неколку часа во фрижидер.
Послужете декорирано со овошје по вкус, рендано чоколадо или посипете со какао.