Малку поинаков рецепт за крофни кој ќе го обожавате.
Потребни состојки:
¾ шолја шеќер
¼ шолја кафеав шеќер
1 и пол лажичка цимет
За тесто
2 шолји брашно
¾ шолја шеќер
2 и пол лажички прашок за печиво
Половина лажичка цимет
Лажичка сол
1 поголемо јајце
Две банани
1 шолја млеко
2 лажици масло
Масло за пржење
Начин на подготовка:
Во помал сад измешајте бел и кафеав шеќер со цимет.
Во поголем сад изматeте ги првите 5 состојки за тестото. Во друг сад изматете го јајцето, изгмечете ги бананите, додајте млеко и 2 лажици масло и соединете ја смесата. Потоа додајте ја и смесата со брашно и измешајте.
Загрејте го маслото во тава за пржење и откако ќе се загрее додавајте по 1 лажица од смесата за крофни. Пржете околу 45-60 секунди и од двете страни додека да добијат златно-кафеава боја. Крофните ставете ги на хартија за да се исцедат, а потоа наросете ги со цимет и бел и кафеав шеќер.