Идеја за ручек: Едноставни рибни плескавици без капка масло

Направете плескавици од риба по овој едноставен рецепт и испечете ги во рерна без капка масло. Превкусни се и здрави.

Направете вкусни рибни плескавици кои се здрави, печени во рерна без масло, а најдобро од сѐ, имаат феноменален вкус. Одлични се и доколку постите, а за нивна подготовка користете риба која нема многу коски, како на пример ослич. Послужете ги со салата од компири и ќе имате комплетен ручек во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

  • 1 кг ослич
  • 1 главица кромид
  • 60 гр брашно
  • 3 лажици презла
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка мелена пипер
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Филетите од ослич сварете ги во солена вода околу половина час за убаво да омекнат. Процедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете ја рибата во блендер, додадете ситно сечкан лук и кромид, брашно, презла и зачини по вкус. Измешајте ги сите состојки за да добиете хомогена смеса. Помеѓу дланките формирајте плескавици со саканата големина и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови околу 15-20 минути за да добијат убава златна кора.

Тагови
реклама

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Read more

Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Read more

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Read more

Прво сценарио: Русите фрлаат нуклеарка, Американците одговараат и толку  - кое е второто?

Read more

Рецепти

Идеја за ручек: Пилешки ролни со сланина

Read more

Несекојдневни и вкусни: Мафини со морков и ананас

Read more

Пилешко со дуња - заборавен југословенски рецепт

Read more

За совршена кајгана во јајцата додадете лимон

Read more
 

Магазин

Славни родители кои имаат милијарди, а нема да им ги остават на децата

Читај повеќе

Најстарото дете во семејството е и најпаметно, вели науката

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешки ролни со сланина

Читај повеќе

Постојаниот стрес може да доведе до деменција, тврдат експерти

Читај повеќе

Што се случува кога ќе си легнете по јадење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Моќни јога вежби за сила и баланс на телото

Читај повеќе

Несекојдневни и вкусни: Мафини со морков и ананас

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

Зошто ви се тресат нозете по добар секс?

Читај повеќе