Подготовката е многу едноставна, а мирисот и вкусот се одлични.

Доколку не сакате да го поминете целиот ден во кујна, или барате ново јадење, имаме предлог за вас.
Евтин и сочен ручек со тестенини, спанаќ и кашкавал кој сигурно ќе ги задоволи сите ваши барања.
Подготовката е многу едноставна, а штом ќе го пробате овој рецепт, ќе ви стане еден од омилените.
На крајот на краиштата, обидете се и уживајте, нема што да загубите.
- 300 gr тестенини (по избор)
- 200 gr спанаќ
- 200 ml јогурт
- 300 ml млеко
- 2-4 јајца
- 50 gr кашкавал
- 50 gr сирење
- 50 ml маслиново масло
- сол
- бибер
- гранули од лук
Сварете ги тестенините. Ние препорачуваме тоа да бидат фузили, но може и макарони или други. Во тавче со димензии 30×20 намачкајте со малсиново масло, па истурете ги тестенините во тавчето и распоредете ги.
Во сад изматете ги јајцата, додајте маслиново масло, јогурт, млеко и една лажица рендан кашкавал. Додадете сол и бибер.
Потоа додајте ги гранулите лук и спанаќот исечкан на резанки. Измешајте сè.
Одозгора издробете коцка сирење и изрендајте кашкавал. Се пече во рерна околу 45 минути на 220°C.