Идеја за ручек: Кесадиља од рерна со мелено месо и кашкавал

Низ улиците на Мексико секаде се среќава популарната кесадиља, а денеска ви предлагаме дома да го направите овој специјалитет и тоа со мелено месо и кашкавал.

Кесадиљата е мексикански специјалитет кој се прави од тортиља и фил по желба, но кашкавалот е задолжителен. Мексиканците оваа храна ја јадат често, се продава и на улиците, а во последните години стана неверојатно популарна во целиот свет.

Покрај фантастичниот вкус и лесната подготовка, се користат универзално омилени состојки. Нашиот предлог е да ја пробате оваа превкусна кесадиља со мелено месо и кашкавал, преполна со зачини. Уживајте.

Потребни состојки:

  • 6 тортиљи
  • 450 гр мелено месо
  • 150 гр кашкавал
  • 1 кромид
  • 1 лажичка лута црвена пиперка
  • ½ лажичка сушено оригано
  • 1 лажичка мелена пипер
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка кромид во прав
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 лажици билјон
  • 1 нишка магдонос
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го, а потоа пропржете го. Кога ќе омекне додадете мелено месо, посолете и побиберете, па посипете со црвената пиперка, лук и кромид во прав, мелена пипер и оригано. Промешајте. Пред крај додадете доматно пире и булјон и повторно добро измешајте. Исклучете ја ринглата и во месото додадете ситно сечкан магдонос. Половина од секоја тортиља посипете ја со рендан кашкавал, ставете по две лажици од смесата со меленото месо, па над тоа повторно кашкавал. Преклопете и наредете на тавче обложено со хартија за печење. Печете на 200°C околу 5 до 7 минути. Пријатно јадење!

Remote video URL
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Рецепти

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Read more

Едноставен рецепт за босанска алва

Read more
Пилешко во сос од лук и мед

Рецепт на денот: Пилешко во сос од лук и мед

Read more

Десерт на денот: Чоколадни мафини со кафе

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе