Рецепти

Идеја за ручек: Леќа со зеленчук

21. март 2020 - 16:28 | М.С.

Доколку сакате нешто хранливо и вкусно, ви го предложуваме овој рецепт за леќа.

Состојки:

Две шолји леќа

Еден морков

Два компири

Една главица кромид

Сол и бибер

Две конзерви домати

Ловоров лист

Маслиново масло

Начин на подготовка:

Загрејте маслиново масло во поголема тава. Испржете го кромидот и додајте морков и компир исечени на коцки. Додајте вода и ловоров лист.

Додајте ги леќата и конзервите со домати и оставете да зоврие. Зачинете со сол и бибер по вкус. Доколку забележите дека е премногу густо, додајте уште малку вода. Гответе околу 45 минути додека леќата да стане сосема мека.

Коментирај