Идеја за ручек: Макарони со тиквички и пире

Доколку немате инспирација за ручек, подгответе тестенини со тиквички. Заборавете на бешамелот, згуснете ги компирите и комбинирајте состојки - без млеко и брашно.

Брзиот ручек е она што ни треба кога надвор е топло, а што е подобро од италијанската храна? Пастата е најдоброто решение, бидејќи е неверојатно лесна за правење и му успева секому, а има милион начини да ја подготвите, од наједноставните, само со сос од домати, до оние кои имаат повеќе состојки. Најпознати пасти секако се болоњезе и карбонара.

Овој рецепт е особено интересен бидејќи за прелив се користи омилениот прилог на сите Балканци - пире од компири. Заборавете на бешамелот, компирот ќе му даде густина на јадењето и ќе ги соедини состојките.

Потребни состојки:

  • 2 компира
  • 250 gr тестенини
  • 2 тиквички
  • 2 чешниња лук
  • 80 gr чедар
  • маслиново масло

Подготовка:

Сварете ги тестенините (ал денте), како и компирите. Изрендајте ги тиквичките, како и кашкавалот, а лукот ситно исечкајте го. На маслиново масло пропржете лук и тиквички. Исечете ги компирите, па ставете ги во блендер, посолете, додајте чедар и малку маслиново масло. Блендирајте додека не добиете компактна смеса. Во тиквичките додадете ги сварените тестенини и пирето од компири. Добро соединете. Оставете на шпорет уште 2-3 минути.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе