Рецепти

Идеја за ручек: Рижото со спанаќ и печурки

15. август 2019 - 15:13 | М.С.

Се подготвува брзо и лесно, а ќе уживате во вкусниот оброк.

Состојки:

200 гр. свеж спанаќ

100 гр. ориз

200 гр. шампињони

1 главица кромид

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Оризот измијте го убаво и сварете го, а пред крајот посолете и додајте бибер. Тргнете го од оган и ставете го на страна.

Измијте го спанаќот и варете го кратко, па исецкајте го. Потоа, пропржете го кромидот, додајте ги исецканите печурки и динстувајте додека да испари сокот што го испуштаат печурките.

На крај, во тава додајте ги зготвениот ориз и спанаќот, по потреба промешајте и зачинете. Оставете да се вари уште 2-3 минути.

Коментирај