Идеја за ручек: Спој од шпагети болоњезе и макарони со кашкавал

За ручек послужете неверојатно вкусна комбинација од двата светски популарни рецепти - макарони со кашкавал и болоњезе сос.

Италијанската паста може да се прави со најразлични сосови, а секој има некој сопствен трик како да ја направи повкусна. Најпознати рецепти меѓу паста специјалитетите се италијанските шпагети болоњезе (spaghetti bolognese) и американските макарони со кашкавал (mac and cheese), а ние ви предлагаме да направите комбинација од двете. Ќе добиете совршени макарони на кои никој нема да може да одолее, а ќе извалкате само едно тенџере.

Потребни состојки:

  • 500 гр макарони
  • 450 гр мелено месо
  • 1 шолја павлака за готвење
  • 1 конзерва сечклан пелат
  • 1 шолја рендар чедар
  • 1 помала главица кромид
  • 1 лажичка паста од лук
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 250 мл пилешки булјон
  • 2 лажици доматна паста
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Во тенџере со малку масло пропржете го меленото месо, па додадете го ситно исечканиот кромид. Кога месото и кромидот ќе бидат готови, додадете ја пастата од лук, како и пелатот. Добро измешајте. Посолете и побиберете, а потоа посипете со италијански зачини, како и лук и кромид во прав. Промешајте, истурете 200 мл булјон, па додадете ја павлаката за готвење. Сè убаво измешајте, па додадете ги макароните и повторно измешајте. Течноста мора да ги покрие тестенините, ако не, додадете уште малку булјон. Покријте и динстајте на средна температура околу 15-20 минути. Ако макароните не се готови, додадете уште малку булјон (50 мл) и динстајте уште неколку минути. Потоа додадете го ренданиот кашкавал и мешајте додека не се растопи. Исклучете го шпоретот и посипете ги макароните со сечкан магдонос.

Remote video URL
Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Рецепти

Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Read more

Оригинален рецепт за мексикански палачинки

Read more

Рецепт на денот: Свински кременадли во путер со лук

Read more

Рецепт на денот: Виенски шницли со помфрит и холандски сос

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Читај повеќе

Како правилно се чистат екраните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Читај повеќе

Кои се најчести знаци на зголемена простата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Читај повеќе

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Читај повеќе

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Читај повеќе

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе