Сочни тестенини со панцета и со шампињони, идеален ручек за целото семејство.
Потребни состојки:
- 1 кромид
- 120 г панцета
- 200 г шампињони
- 2 дл павлака
- 80 г рендан кашкавал
- 250 г тестенини
- свеж босилек
- магдонос
- сол, бибер
Начин на подготовка:
Исечете го кромидот, испржете го на малку масло. Додадете ја панцетата исечена на коцки. Пржете уште неколку минути додека не добие убава боја.
Печурките исечкајте ги на ситни делови, додадете ја панцетата, па заедно гответе уште неколку минути додека печурките не омекнат.
Потоа додадете ја павлаката и ренданиот кашкавал. Гответе додека кашкавалот не се растопи и поврзе со сосот. Зачинете со свеж босилек и магданос.
Сварените тестенини додадете ги на сосот, па добро измешајте ги состојките и послужете додека јадењето е топло.