Меѓу омилените рецепти на кулинарските почетници дефинитивно е овој за гулаш со зеленчук.

Гулашот е едно од најдобрите јадења кои се јадат со лажица, а се подготвува така што мешате неколку вида месо и оставате да се крчка со часови. Не може да го преварите, може само да стане повкусен и да се топи в уста.
Денеска нашиот предлог е малку поинаков рецепт. Додадете му неколку вида зеленчук, како пиперка, целер, карфиол... па крчкајте на тивок оган околу еден час.
Потребни состојки:
- 1,5 кг телешко месо
- 2 моркова
- 2 кромида
- 100 гр целер
- 4 лажици доматно пире
- 1 пиперка
- ¼ лажичка мелена пипер
- 1 л вода
- 500 гр карфиол
Подготовка:
Исечкајте го месото на коцки и пропржете го во тава некои 25 минути. Потоа додадете сечкан кромид, промешајте и пропржете уште 6 минути. Додадете сечкан морков и пржете уште 7 минути, со повремено мешање. Потоа турете доматно пире, промешајте и по 5 минути додадете врела вода (400 мл). Додадете сечкани целер и пиперка, па посолете и побиберете. Одозгора посипете мелена пипер и сето тоа добро измешајте го. После 5 минути додадете карфиол исечкан на коцки, па повторно сѐ убаво измешајте. Сипајте уште врела вода (600 мл), па кога ќе почне да врие поклопете и гответе уште саат време на ниска температура.