Идната недела пријавување за упис на УКИМ, слободни се 10.798 места

Пријавувањето за упис во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се спроведе во понеделник и вторник (31 август и 1 септември). Прелиминарната ранг-листа со резултатите од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг-листа на 7 септември, а запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и 11 септември.

Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2020/2021 година, кој УКИМ го објави пред два месеца, на 23-те факултети во негов состав се слободни вкупно 10.798 места за идни студенти.

Од нив, 5.300 места се во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4.438 се за кофинансирање на студиите и 1.060 слободни места има за вонредни студенти.

Надоместот за студии за редовни студенти останува како и во изминатите години 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра.

Поради пандемијата со COVID-19, оваа година, првпат од воведувањето во 2007, не се организираше државна матура. Матурантите добија диплома за завршено средно образование која ќе има важност на диплома за државна матура, училишна матура или завршен испит.

Во Конкурсот на УКИМ се наведени условите и критериумите за упис и начинот на бодирање за селекција на матурантите кои ќе бидат примени на факултетите, како и информации за потребните документи.

Вториот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 15 и 16 септември, а третиот е на 28 септември на факултетите на кои ќе останат места.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе