Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно“

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска соопшти дека следната недела, веднаш штом ги добијат листите со корисници, банките ќе почнат да ги издаваат картичките „Купувам домашно“, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.

– Уредбата за платежните картички е веќе донесена, деновиве се обработуваат финалните листи на граѓаните кои ќе бидат објавени јавно. Секој што не сака да добие поддршка, може да каже. Очекуваме средствата да бидат префрлени во текот на идната недела или најдоцна после тоа да се изврши исплатата. Не гледаме дека би имало пречка во реализацијата на картичките, се работи за обемен проект кој бараше добра координација меѓу сите институции. Со картичката „Купувам домашно“ граѓаните ќе плаќаат безготовински што ќе влијае на долг рок на креирање на навиките за безготовинско плаќање, но и на справување со неформалната економија, истакна Ангеловска.

Таа ги повкива сите мали и средни бизнси кои немаат посттерминал, да земат, за да можат да ги примаат картичките.

– Најголем дел од банките ги нудат посттемирналите без никаков трошок без ралика на прометот, истакна Ангеловска уште еднаш потенцирајќи дека ковид-кризата треба да ја искористиме за да промениме некои работи, да ја забрзаме нашата трансформација, како на економијата така и на општеството.

Во врска со картичката, министерката рече дека ова е прв пат да имаме ваков современ начин на аплицирање, без граѓаните да бидат принудени да одат во институциите.

– Сакаме да овозможиме на најлесен начин да ја добијат таа помош, да ја искористат на домашни производи и услуги за проектираните 25 милиони евра да имаат најголемо влијание и помош врз економијата, рече Ангеловска.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе