„Иднината е одржлива“ – ревија на студентите по моден дизајн на ТМФ
Студентите под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, ја интерпретираа темата „Иднината е одржлива“, со нивните креации изработени од материјали кои можеа да ги најдат во архивата на ТМФ, во плакарите на нивните мајки, со редизајн на плетенините на нивните баби, со рачно фарбање со природни бои, со реупотреба на винтиџ облека и со разни други идеи кои значат нов и одговорен однос кон облеката и дизајнот во иднината.