Иднината на „Rick and Morty“ останува непозната

Откако претходно денеска беше објавено дека „Rick and Morty“ сѐ уште не е обновена за нова сезона од телевизијата Adult Swim, креаторот на анимираната серија рече дека иднината на неговото дело останува непозната.

Ден Хармон се обрати на Twitter за да ја разјасни ситуацијата околу новата сезона на „Rick and Morty“, која во моментот виси во воздух.

По три неверојатно успешни сезони, фановите на анимираната серија „Rick and Morty“ го нападнаа интернетот и бараат одговор зошто креаторите на серијата, Ден Хармон и Џастин Ројланд, не работат на новата сезона. На ова, Хармон имаше одличен одговор упатен према барањето на еден гневен фан.

„Тешко е да напишеш телевизиско шоу кое не е нарачано од ниту една телевизија, посебно кога се бориш со хроничен алкохолизам. Од друга страна, кога ќе видам дека фанови како тебе плаќаат за да го гледаат...мислам...морам да се напијам нешто“, напиша Хармон на неговиот Twitter профил, откако еден фан го нападна дека бил „мрзелив алкохоличар“.

Сепак, ова не е првпат да се случи голема пауза со цел да се нарача нова сезона од серијата. Во повеќето изјави на членови на телевизијата Adult Swim, тие велат дека нови епизоди можат да се очекуваат најрано кон крајот на 2019 година.

„Навистина работат многу бавно. Не само една, туку сите страни работат бавно, и Ден (Хармон), и Џастин (Ројланд) и Adult Swim. Ми нема никаква смисла, треба да побрзаат“, претходно изјави Рајан Ридли, еден од сценаристите на шоуто.

Сите страни се сигурни дека четвртата сезона ќе се случи, но ниту телевизијата, ниту креаторите не даваат дополнителни информации околу датумот на евентуалната премиера.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе