Идниот премиер на Шкотска: Независноста ни треба повеќе од било кога

Владејачката Шкотска национална партија (СНП) го одбра Хумза Јусаф за лидер на партијата, човек кој ја има пред себе најважната цел - да стави крај на тривековната унија помеѓу Шкотска и Англија.

Во СНП се водеше жестока борба која ги разоткри длабоките поделби во партијата во врска со политиката и застанатата кампања за независност. За нов претседател е избран Хумза Јусаф.

Јусаф го презема водството на партијата со најважна цел - да стави крај на тривековната унија на Шкотска со Англија. Тој на функцијата ја наследува Никола Старџен, која поднесе оставка во февруари. За неговиот избор за премиер шкотскиот парламент ќе се изјасни утре.

Старџен 8 години беше премиерка на Шкотска. Имаше најдолг премиерски стаж, а беше првата жена на оваа позиција во историјата на Шкотска. Единството во СНП беше разбиено поради различните ставови околу вториот референдум за независноста на Шкотска, односно околу неговото организирање. Воедно, тука се и различните ставови околу тоа кој е најдобриот начин за спроведување на социјалните реформи, како што се правата на трансродовите лица.

Инаку, 37-годишниот Хумза Јусаф е првиот муслиман лидер на Шкотска и воедно ќе стане прв муслиман кој предводел земја во Западна Европа, доколку биде потврден за премиер. Роден е во Глазгов, каде дипломирал политички науки, по што работел како помошник пратеник во шкотскиот парламент пред во 2011 година и да биде избран за пратеник.

Неговиот татко Музафар е роден во Пакистан и имигрирал во Шкотска во 60-тите, додека неговата мајка Шааиста Бута е од Кенија, но од семејство на јужноазиски имигранти. За националните медиуми Хумза рече дека независна Шкотска во првите пет години треба да одлучи дали да се оддалечи од монархијата и да има избран шеф на државата.

Јусаф изјави дека на Шкотска ѝ е потребна независност повеќе од било кога. „Ние ќе бидеме генерацијата што ќе ја донесе независноста на Шкотска“, рече тој во говорот откако беше објавено дека е избран за претседател на СНП. Јусаф како свои цели ги наведе повторното организирање референдум за независност и решавање на економската криза.

Новоизбраниот лидер наведе дека Обединетото Кралство нема право на вето на законот за пол во Шкотска, обеќавајќи дека ќе го оспори потегот на Лондон да го блокира законот кој им олеснува на луѓето да си го променат полот. Британската влада изнесе планови за блокирање на нацрт-законот за реформи во Шкотска за признавање на полот усвоен од шкотскиот парламент.

Иако муслиман, Јусаф е силен поддржувач на ЛГБТ заедницата. На темата за истополови бракови тој еднаш рече: „Верувам дека човековиот брак, ако се работи за геј, и се венчани, дека нивниот брак не е инфериорен или помалку вреден отколку бракот на хетеросексуалните индивидуи. Јас не верувам дека геј сексот е грев“.

Јусаф е двапати женет, еднаш разведен, и има две деца.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Свет

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Read more

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Read more

Позелене водата во каналот во Венеција, свикан итен состанок

Read more

Путин му ја честита победата на Ердоган

Read more
 

Вести

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе