Ифланд и ЛоБуе загосподарија со карпите среде Атлантикот

Актуелната светска првенка во женскиот дел од светската серија Red Bull Cliff Diving, Ријана Ифланд од Австралија, повторно се најде на врвот на Азорските острови, додека американскиот „спинмастер“ во Португалија ја освои втората победа во низа.

Сан Мигуел,- Австралијанката Ријана Ифланд повторно се врати во победничка форма во рекорден манир за време на натпреварувањето на Азорските острови во Португалија, на третата станица од сезоната 2018 во светската серија, престигнувајќи ги своите ривали со највисокиот досега постигнат целокупен резултат во женското натпреварување. Двократната а воедно и актуелна шампионка исто така доби и рекордна „десетка“ за скокот од карпите на својот пат кон победата, додека нејзината победничка изведба беше скок со најголем коефициент на тежина досега изведен од жена. Мексиканката Адријана Хименез заврши како втора, а Канаѓанката Лисен Ричардс на третото место.

Во машкото натпреварување, во фасцинантното финале Стивен Лобуе се искраде покрај неговиот земјак Дејвид Колтури, кој претходно го имаше највисокиот резултат за индивидуална изведба кај мажите, а со последниот скок во денот ја обезбеди својата втора победа во низа. Поздравен од илјадници гледачи во бродчиња и кајаци, поранешниот шампион Гери Хант од Англија ги комплетираше првите тројца во својот многу потребен прв подиум оваа сезона.

Препознатливата „тројна коцка“ на Хант го вивна победникот на 30 натпреварувања повторно меѓу првите тројца, откако требаше да се справи со менталната блокада за неговите вртливи нуркања на почетокот од сезоната. Зголемената самодоверба евидентна на третиот настан оваа година се почувствува и кај 29-годишниот Колтури, кој моментално го има рекордот за најтежок скок од карпи, кој што претставува скок наназад со две салта и пет вртења. Со „деветки“ од судиите, тој не само што се искачи на едно место повисоко на подимот по освоеното трето место во Шпанија пред две недели, туку направи и американска двојка на подиумот со својот стар пријател Лобуе.

Триесет и тригодишниот скокач од Флорида ја имаше својата петта индивидуална победа од 27 метри, повторувајќи го вулканскиот триумф од 2014 година и сега недвосмислено води на табелата пред Михал Навратил од Чешка, кој се пласираше на четвртото место и рекордерот Колтури.

Речиси на половина од сезоната, актуелниот шампион Џонатан Паредес од Мексико е на петтото место во генералниот пласман, по разочарувачкото шесто место од скокот од карпи, а шесткратниот шампион Хант сега е на три позиции погоре, на осмото место. Минатогодишниот победник на оваа станица Орландо Дуке од Колумбија не можеше да учествува заради повреда на прстите од нозете која ја доби во петокот, на загревањето пред натпреварот.

Настанот беше рекорден и за женското натпреварување, бидејќи 26-годишната Ифланд оствари сеизмички момент од вулканските карпи на португалските Азори, изведувајќи совршено нуркање директно од гребенот за да ја освои втората досега доделена 10-ка во женска конкуренција. Ова е скок за паметење од почетокот на нејзината кариера досега, двојно салто кон напред со едно и половина вртења, со кој како стрела ги пресече брановите на средниот Атлантик. Сега тоа е најдобар резултат кој се бара за скокови во женска категорија (71,50 поени). Откако ја немаше на подиумот двапати од отворањето на сезоната во Тексас, Австралијанката се врати во стил кој прилега на двократен светски шампион. Во водството после првиот круг, Австралијанката ја осигура победата со триумф во сите скокови од платформата поставена на висина од 21 метар, по што славеше на „најчистокрвната“ од сите натпреварувања, со највисок резултат во натпреварувањето досега.

Второпласираната во Португалија, Хименез, се уште води во генералниот пласман кај жените, додека Ифланд сега е втора, а изненадувањето со вајлд-карта, Џесика Макалеј од Велика Британија е на фантастичното трето место од табелата, откако заврши шеста на Азорскиот архипелаг и уште еднаш стана најдобра дебитантка.

Од најчистата и најдалечна станица на светската серија во средината на Атлантскиот океан, елитата на скоковите од карпи за две недели се враќа во живописниот Сисикон, во швајцарските Алпи, каде што жените за првпат ќе нуркаат во езерото Луцерн.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе