Ига Швјонтек суспендирана поради допинг

Макфакс/Кајгана
/ 28.11.2024 / 17:02

Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.

Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.

Се наведува дека Ига Швјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).

Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.

Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.

Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, ѝ препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џетлег поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.

ИТИА објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивна на допинг тестот во август оваа година.

Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.

Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.

Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинезинката Чен.

Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Read more

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Read more

Посебен трофеј за посебен човек

Read more

Надал се расплака на збогувањето од Ролан Гарос, го испратија најголемите

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе