Игор Акинфеев стави крај на репрезентативната кариера

Легендата на рускиот фудбал Игор Акинфеев денеска објави дека става крај на репрезентативната кариера. Голманот се пензионира со одиграни 111 настапи за руската репрезентација и остава зад себе импресивна кариера која траеше цели 14 години.

Акинфеев застана на голот на руската репрезентација како тинејџер и оттогаш стана икона на ЦСКА Москва, репрезентацијата, па и на цела Русија.

Светската јавност за првпат се запозна со Акинфеев за време на Европското првенство 2008 година, кога неговите одбрани ја однесоа Русија до полуфиналето на турнирот. Целата негова кариера беше одбележана преку националните турнири, каде Игор ја покажуваше неговата најдобра форма.

Летово 32-годишниот Акинфеев беше многу зафатен, бидејќи неговата репрезентација играше Светско првенство на домашен терен, каде во осминафиналето ја елиминираа Шпанија а тој одбрани два пенали.

„Секоја приказна има почеток и крај. Мојата приказна со националниот тим дојде до логичен крај. Ми беше огромна чест да бидам капитен на Русија на нашето Светско првенство. Да бидам искрен, никогаш не ни сонував дека такво нешто ќе ми се случи, но дојде во вистински момент – во врвот на мојата кариера“, изјави Акинфеев.

Игор Акинфеев дебитираше за репрезентацијата на Русија во 2004 година, кога имаше само 18 години, а во наредните 14 години успеа да забележи 111 настапи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе