10. Фестивал за европска литература „Букстар“

Игор Маројевиќ: Пишувањето е борба меѓу процесот и темата

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 30.09.2024 / 11:40

Десеттото, јубилејно, издание на Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar ) почнува денеска, а ќе трае до 3 октомври.

Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.

Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.

Дел од фестивалот се и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Српскиот автор Игор Маројевиќ ќе биде дел од настанот „Балканска вечер(а)“ во рамките на Букстар, што ќе се одржи од 19:30ч во „Лабораториум“. Разговорот со Маројевиќ, Кристијан Новак (Хрватска), Румена Бужаровска и Фарук Шеќиќ (БиХ) ќе го модерира Владимир Јанковски.

Маројевиќ (1968) е современ српски писател и преведувач, член на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази. Го објавил „Белградското петокнижје“, а автор е и на пентологијата „Етнофикција“ од која засега се издедени четири дела. Неговото дело „Номади“, оригинално напишано на шпански јазик, се изведува во Шпанија во продукција на „Театарскиот институтот Барселона“ и во белградскиот Драмски театар. „Останки од светот“ е најнаградуваниот роман во српската книжевност на XXI век, а ги има добиено и наградите „Меша Селимовиќ“ за најдобро дело на српски јазик за 2020 година и наградата на град Белград „Деспот Стефан Лазаревиќ“. Маројевиќ е добитник и на наградите „Златен сончоглед“, „Златен беочуг“, „Андриќевата награда“, „Троношки родослов“ и унгарско-српската награда „Карол Сирмаи“. Преведува проза од шпански и од каталонски јазик. Живее на релација меѓу Белград и Барселона. Непосредно пред неговото пристигнување во Скопје, имавме можност кратко да разговараме со него.

Колку се променија книжевните фестивали на Балканот во изминатите децении? Како ја доживувате размената на идеи и соработката?

И покрај тоа што учествувам во овие процеси од 2000 година, па сум гостин на фестивали во Љубљана, Загреб, Брач, Сараево, Црногорското приморје, Никшиќ, Македонија... Не гледам дека има некаков напредок во овој поглед. Во сето ова има одредена волја, но, ми се чини, и прилична произволност.

Можеби половичното постоење на регионалната сцена е последица на неколку други работи: различните стандарди на земјите, нивните различни културни и ценовни политики, шовинизмот кој се чини дека постојано расте во повеќето земји во поранешна Југославија, но и фактот дека и СФРЈ всушност не беше обединет културен простор.

Имено, кога студирав српско-хрватски јазик и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград - кога го завршив, на мојата диплома пишуваше: професор по српски јазик и литература - не се зборуваше за југословенска литература, туку за посебни предмети: српска книжевност, хрватска, словенечка и македонска, а најверојатно тие се изучуваа одделно на други места.

Кои книжевни сеќавања ве поврзуваат со Скопје и Македонија?

Имаше неколку фестивали на кои учествував, не се сеќавам точно во кои градови, но добро се сеќавам на гужвите на скопската промоција на преводот на мојата збирка раскази „Белграѓанки“ и на Саемот на книгата во Скопје. Книгата добро се продаваше, но тоа беше случај и во Србија, која ја препорача на издавачот („Арс Ламина“). Да не бидам сфатен погрешно, тоа ми е единствениот бестселер. Јас сум, што би рекле рокерите, one hit band (бенд со еден хит). Често помислувам на мојот преведувач на „Белграѓанки“, Саша Христовски, човекот кој преведе и неколку мои книги кои не се објавени; ги преведува за своја душа, па ако се најде издавач, арно... излишно е да се каже дека ваквата безусловна поддршка ми е ретка и многу скапоцена... Се сеќавам дека се дружев со него во Скопје, како и со мојот прв македонски издавач, покојниот Игор Исаковски. Неизбежно е да се сеќавам и на одредени Македонки, но во овој контекст не би навлегувал подетално за тоа.

Колку (не)сериозно авторот треба да се сфати себеси?

Тоа е добро прашање. Сериозен за неговите книжевни амбиции, во смисла вредно да работи на текстот, но ако се сфаќа премногу сериозно во однос на сопствената позиција, претерано да размислува за тоа како другите го гледаат, книжевните награди што ги добил, добрата продажба на една или повеќе книги, стигнува до извонредна шанса да пропадне како писател.

Дали пишувате со намера да пренесете нешто што сте сфатиле или самото пишување е процес на сфаќање?

Може ли да се пишува и поради нешто друго? Според моето скромно искуство, може. Ми се чини дека пишувањето е борба меѓу процесот и темата: му доаѓа, а ако не ја надмине во процесот, нема да биде баш најдобро.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Култура

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Read more

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Read more

Некој ме гледа романтично – љубовен концерт на Македонската филхармонија

Read more

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Read more
 

Вести

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипсата

Читај повеќе

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Читај повеќе

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсена 22-годишна чаирчанка: При претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Читај повеќе

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Читај повеќе

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Читај повеќе

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Читај повеќе

Центар и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Читај повеќе