Игра која веројатно не сте ја слушнале, може да стане најпопуларна во светот

Креаторите на играта Roblox oбјавија дека го надминаа лимитот од 100 милиони активни играчи месечно. Со тоа, Roblox смета дека ќе ги престигнат популарните игри Fortnite и Minecraft.

Според најновите информации, Fortnite во август мината година имала 78, 3 милиони активни играчи месечно, за што од Epic Games потврдиле дека е рекорден број. Пред неколку месеци од Microsoft добиле потврда дека популарноста на Minecraft расте и дека месечно има 91 милион играчи. Меѓутоа, според таа статистика, Roblox ги надминала и двете игри.

Roblox Corporation ја унапредуваат и ја развиваат играта од 2006. година па наваму. Во оваа игра, играчите можат да креираат свои светови, но и нови, свои игри кон кои се пристапува од службената страна.

Оној кој ќе успее да ја направи играта популарна, ќе заработи пари затоа што секој креатор добива процент од парите.

Откако оваа можност е воведена во 2015. година, медиумите пипшуваа за седумнаесетгодишниот Лиамонас Милески, во Roblox светот познат како Лорерис, кој во тој период заработил повеќе од 100.000 долари преку играта. Секако дека заработуваат најдобрите и најпопуларните. До сега во Roblox, креаторите имаат направено повеќе од 50 милиони различни игри и светови.

Сепак, бројот на активни играчи се добива од компанијата, па често објавуваат статистики и бројки какви што ним им одговараат. Пример, Blizzard и Riot Games постојано објавуваат број на активни играчи, а откако бројот им опаднал, престанале да го прават тоа. Fortnite, на пример, има 250 милиони регистрирани играчи, но тоа не ни открива колку активно играат на месечно ниво.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Од другата страна на протестите: Моќни фотографии што мејнстрим медиумите не ги објавуваат

Read more

Третина од заболените без никакви симптоми

Read more

Гејминг

Седум нови видеоигри кои со нетрпение ги очекуваме во јуни

Read more

Видеоиграта Valorant пристигнува на 2 јуни

Read more

Апдејтот Euro 2020 за PES ќе стигне во јуни

Read more

90-годишна Јапонка е најстарата гејмерка во светот

Read more

Гик

Русите сакаат да делат превоз во вселената со Американците

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја најави серијата Х50

Читај повеќе

Џиновски кинески радиотелескоп наскоро ќе бара вонземјани

Читај повеќе

SpaceX во орбитата ќе лансира нови Starlink сателити

Читај повеќе
  • filter

Honor ќе го претстави новиот смартфон Play 4 Pro

Читај повеќе

Како да го полните телефонот за да ви трае подолго батеријата?

Читај повеќе

Се тестира технологија за 6G мрежа

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски момент: SpaceX астронаутите пристигнаа на МВС

Читај повеќе
  • play_arrow

Лет со целосно електрична Cessna

Читај повеќе