Најголемата гејминг опсесија изминатово лето, мобилната игра Pokémon Go, можеби сега не е толку популарнa како во моментот на излегување, но статистиката за истата изгледа неверојатно.
За само 5 месеци, играчите на Pokémon Go успеале да фатат 88 милијарди покемони, и да изодат нешто повеќе од 14 милијарди километри, велат статистиките на компанијата зад играта, Niantic.
Ако и вие сте играч на Pokémon Go, следен пат кога некој од вашите родители ќе ви каже дека „не сте мрднале од телефонот со тоа игрите“, кажете им ги овие податоци :)
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Kl2MFJ2K2l0]