Игротеките бараат помош од Владата и датум за нивно повторно отворање

Финансиска помош за обезбедување средства за хигиена, пролонгирање на поддршката од 14.500 денари и во јуни или разгледување на можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец, како и најавување датум за повторно отворање, бараат игротеките од Владата.

Тие денеска на прес-конференција се пожалија дека поради коронавирусот не работат веќе 80 дена, па имаат проблеми не само со обезбедувањето плати, туку и со плаќањето на сметките и кириите. Сепак, отпуштања во дејноста засега нема.

Игротеките не се против да направат скрининзи ако така одлучи Комисијата за здравство, но и за тоа, велат, се потребни пари.

– Платите се проблем, сметките за струја, комуналии и телефон се проблем, кириите се проблем. Нема игротека што не е во загуба од пандемијата. Поголемите веројатно имаат поголеми загуби, а помалите помали. Вработените се на работните места, а секоја компанија има до максимум десет вработени, не повеќе, рече претседателот на Групацијата на забавни и рекреативни дејности при Сојузот на стопански комори, Трајко Николовски.

Тој укажа и на неопходноста од дополнителни разговори со надлжените за прецизно да биде утврден протоколот на работа и превентивните мерки за повторно отворање на игротеките што е најдобро да биде на истот датум кога ќе се отворат и установите за згрижување деца.

– Во Групацијата членуваат пред сѐ микро и мали компании кои со донесената уредба на Владата за превенција од COVID-19, трет месец не ја вршат својата дејност. Работата им е намалена за сто проценти и не остваруваат никаков промет. Во секторот припаѓаат забавни и рекреативни дејности како игротеки за деца, но и голем број поврзани дејности, како приватни установи за грижа на деца и нивна едукација, дејности од прехранбената и услужната индустрија, истакна Николовски.

Објаснувајќи ја потребата од владина помош за која изрази уверување и дека ќе биде одобрена, Николовски потенцира дека е исклучително важно не само за вработените во игротеките, туку и за родителите и за децата, хигиената да биде на највисоко ниво. Родителите, нагласи Николовски, треба да знаат дека ќе игротеките ќе обезбедат услови за децата да бидат на сигурно, чисто, дезинфицирано – на место кое не е извор на зараза.

– За таа цел потребна е одредена помош од Владата со која би се обезбедиле средства неопходни за превенција и заштита, при работа во нашата дејност. За задржување на работните места и дејноста да може да опстои, потребно е мерката за финансиска помош во висина од 14.500 денари да важи и за месец јуни или да се разгледа можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец. Потребно е да биде најавен и датум за повторно отворање на игротеките со оглед дека голем број прослави се одложени, рече претседателот на Групацијата. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе