Ракомет

ИХФ ги одреди домаќините на наредните два машки и женски Мундијали

28. февруари 2020 - 15:30 | Ф.З.

Машките и женските Светски првенства во 2025 и 2027 година ги добија земјите домаќини, а сите ќе се одржат во Европа.

Меѓународната ракометна федерација одржа состанок во Каиро, Египет, каде што на дневед ред беа одлуките за доделувањето на организацијата на четири Мундијали во сениорска конкуренција, како и осум во младински категории.

Машкиот планетарен собир на најдобрите ракометни репрезентации во 2025 година ќе се игра во три држави: Хрватска, Данска и Норвешка. Истата година првенството за жени ќе го организираат Германија и Холандија.

Мундијалите во 2027 година ќе имаат само една земја домаќин. Организацијата на машкото првенство ја доби Германија, додека за женското честа ќе ја има Унгарија.

Доделени беа и организациите во младинските категории каде во онаа за ракометарки до 20 години организацијата за доби токму нашата земја за Мундијалот во 2024 година.

Коментирај