ИЈЗ: Намалување од 37,2 отсто на нови заболени од COVID-19

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2 отсто во однос на минатата недела.

Од Министерството за здравство информираат дека најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5 отсто до 12,2 отсто, просечно 7,5 отсто.

Од Институтот за јавно здравје посочуваат дека регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

– Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%), се вели во соопштението.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 03 до 09 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе