ИЈЗ: Невакцинирано дете заболено од мали сипаници, регистрирани 1.901 случај

Скопје, 5 ноември 2019 (МИА) – Нов случај на мали сипаници е регистриран изминатите две недели. Станува збор за невакцинирано дете на возраст до четири години од Скопје. Случајот е лабораториски потврден. Заклучно со 1 ноември во државава се регистрирани 1.901 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Сè уште е во тек епидемија на мали сипаници, стои во извештајот објавен од Институтот за јавно здравје.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој го има и во соседните држави.

Во текот на 42. и 43. недела во државата вакцинирани се 1.123 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 42.746 (во прикажаниот вкупен број вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина), се посочува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на епидемијата, па досега, во центрите за јавно здравје дополнително се аплицирани 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе