ИЈЗ: Регистрирани 126 нови случаи со мали сипаници

Скопје, 12 април 2019 (МИА) – Од 6 април до денеска во државава се регистрирани 126 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број новозаболени лица, 57 случаи се од Скопје, а 70 отсто од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од останатите 69 заболени, 22 се од Куманово, 15 од Кичево, 12 од Струга, 10 од Тетово, по три од Велес и Прилеп, а по еден има од Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Охрид.

Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 година заклучно со 12 април се регистрирани 961 случај на мали сипаници, од нив 682 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.

Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони и тоа во  Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години, 412 или 42,9 отсто од вкупниот број. Висок процент на заболени се регистрира и кај возрасната група до четири години со 34,4 отсто од вкупниот број заболени.

Од вкупно 166 заболени деца на возраст од една до четири години, 150 или 90,4 отсто се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 545 заболени кај лицата над 20-годишна возраст, 67,5 отсто (368) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од почетокот на епидемијата, во Скопје, вкупниот број вакцинирани на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација со прва или втора доза, изнесува 11.919. Во останатиот дел од државава, од почетокот на епидемијата, вкупниот број вакцинирани на возраст до 14 години со прва или втора доза, изнесува 7.542.

Вкупниот број вакцинирани на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во државава изнесува 19.461.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе